Македонија
5. May 2019 - 21:04

71,92% обработени избирачки места: Пендаровски 283.835 - Силјановска Давкова 225.204

Според резултатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 71,92% отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 283.835 гласови, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 225.204 гласови.