6,000 бегалци во еден ден транзитирале низ Македонија
Илјадници мигранти секојдневно влегуваат од Грција на македонска територија. Само последното денонокие околу 6000 мигранти од прифатниот центар во Гевгелија биле префрлени до северниот дел на државата. Најголемиот дел од нив биле транспортирани со специјалните возови, но активни биле автобусите и такси возилата. Од самиот ден кога беше прогласена кризната состојба во прифатниот центар во Гевгелија присутни се и волонтерите на црвениот крст кои заедно со полицијата и војската како и другите невладини организации им помаат на мигрантите. Од црвениот крст велат како се зголемува бројката на пристигнати мигранти така расте и бројот на интервенции кој тие го имаат.
,, Интервенциите дневно варираат од група до група. На дневна база со се Гевгелија и Табановце бројките почнаа да достигнуваат до 1500 интервенции на дневна основа. Последните неколку дена со оглед на тоа што времето беше врнежливо имаше поголем број на луѓе кои се жалеа на настинки и проблеми со дишните патишта, всушност затнат нос. Сега за сега со оглед на тоа што повторно започнува сончев период бројот на луѓе кои се жалат на настинки е намален и повторно се повторува делот на луѓе кои се омалаксани, всушност изморени од патот и од сонцето.,, вели Александар Јонузоски – Црвен Крст
Паралелно со прифаќањето и регистрацијата на мигрантите континуирано се работи на подобрување на условите во прифатниот центар. Во центарот веќе има донесено струја и вода, поставени се нови големи шатори, а се работи и на изградбата на тушеви и тоалети.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар