-->
-->
Зошто имињата на родителите на Богородица ги нема во Библијата?
-->

На 22 септември нашата црква го празнува денот на родителите на Марија, мајката на Исус. Дали ги знаете нивните имиња? Веројатно не. Нема да ги дознаете ни доколку сте ревносен читател на Библијата зашто таму тие не се споменуваат. Причината за тоа? Никој не ја знае. Како тогаш ги знаеме нивните имиња? Прашањето повторно не води кон Протевангелието на Јаков, братот на Исус, за кое, како што напишавме вчера, нема докази за автентичноста, односно нема докази дека навистина потекнува од перото на Јаков.
Јоаким, татко на Марија, бил богат човек. Многу богат. На Бога му принесувал двојни понуди. Велел: „Ова е за добробит на сиот народ и за мене, Господ да се смилува и да ми ги прости гревовите“.
Но, на еден празник, еден од свештениците му префрлил: „Не е законски да носиш дарови, бидејќи немаш пород“.
Тоа го вознемирило Јоаким и тој заминал во пустина. Си ветил дека 40 дена нема да јаде и да пие, додека Господ не ги слушне неговите молитви. Тие се сведувале на едно: тој и неговата сопруга, Ана, да имаат пород.
Тоа е почетокот на приказната која ќе доведе до раѓањето на мајката на Исус. Кога имала девет месеци, Ана ја ставила на нозе да види дали може да стои, а таа направила девет чекори и се вратила во скутот на мајка си.
Авторот на Протевангелието не пропушта да го наведе и моментот кога и се јавува ангелот за да и каже дека „Господ е со неа и дека ќе забремени“. Марија тогаш имала 16 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов