Значително поскапување на горивата во Македонија
Неодамна со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, бензините во Македонија поевтинија за половина денар. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), останаа исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.
Американската лесна нафта за испорака во јули поскапи за 78 центи на 49,4 долари за еден барел, што претставува највисока цена во последните 7 месеци.
И европската нафта од типот „брент“ за испорака во јули поскапа е за 72 центи и вчерашното тргување го заврши на ниво од 49,33 долари за еден барел.
Во Македонија следната корекција на малопродажните цени ќе биде на 30 мај во понеделник. Актуелните цени се за скоро 5 долари по барел повисоки од просечната цена врз основа на која регулаторот ја одреди малопродажната претходниот понеделник.
Во вакви околности извесно е значително поскапување на нафтата и бензинот во Македонија. Нагорена корекција на цените меѓу 1 и 3 денари не би требало да биде изненадување.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас