Злоупотреба на службената должност и фалсификувани документи - приведени 4 лица во северно Косово
Косовската полиција информира дека привела четири лица во Северна Митровица, поради непочитување на законите во текот на гласањето за вонредните парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. На барање на надлежен обвинител, во едно гласачко место се приведени претседавачот на комисијата и лицето задолжено за идентификување на гласачите, осомничени дека извршиле кривично дело „Злоупотреба на службената должност во текот на избори”.
Според официјалното соопштение, тие дозволиле гласање спротивно на правилата што ги донесе Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово. Иако не се објавени детали, извесно е дека станува збор за гласање на лица со документи издадени од Србија, што беше барање на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, како и на офцијален Белград. Овие барања беа одбиени од ЦИК, кој наложи дека може да се гласа единствено со косовска лична карта или пасош.
Во вториот случај, две лица се уапсени поради обид да гласаат со фалсификувани косовски лични карти.
Извори на агенцијата КосоваПрес велат дека кај двете лица од српска националност биле откриени повеќе фалсификувани лични карти, а две од нив се обиделе да ги употребат за да гласаат.
Веста за агенцијата ја потврди и портпаролот на косовскта полиција за северниот регион, Бранислав Радовиќ, кој информира дека двете лица се приведени во полициската станица во Северна Митровица.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден