Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
Златен џебен часовник пронајден на телото на најбогатиот човек на бродот „Титаник“ пред 110 години, е купен од американски колекционер за рекордни 1,2 милиони фунти.
Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја пренел својата нововенчана сопруга Медлин на чамец за спасување. Неговото тело е извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна, заедно со скапиот џебен часовник „Валтхам“ (Waltham) со 14 карати злато, и врежани иницијали „JJA“. Продаден е на наддавање во „Хенри Олдриџ и синот“ во јужна Англија.
Рекордната цена за предмет од „Титаник“ претходно ја држеше виолина која лани достигна 1,1 милион фунти во истата аукциска куќа.
Аукционерот Ендрју Олдриџ раскажува дека Астор бил еден од можеби најбогатите луѓе во светот во тоа време, со богатство од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес. - Цените постигнати за предметите од „Титаник“ се апсолутно неверојатни, рече Олдриџ.
Историјата, занимливо, раскажува како беспрекорно облечениот Астор, наместо да се обиде да се спаси во друго пловило, последен пат е виден како пуши цигара на бродот што тоне и разговара со сопатник.
Ново на Сител
-
Повеќе од 4 часа траела акцијата за извлекување на безживотните тела на Галичица
-
Намален бројот на мигранти, но не и на обиди за влез во државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Што доби, а што загуби Македонија од договорот од Преспа?
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот