Ракомет
16. January 2016 - 16:28

ЖРК Вардар Јуниор на чекор до четвртфиналето во Челенџ купот

 Ракометарките на Вардар јуниор го добија првиот меч против Минаква Војводина од осминафиналето од ЕХФ Челинџ купот.
 
Во натпреварот  одигран попладнево во спортскиот центар „Јане Сандански", помладиот вардаров тим славеше победа над српската екипа со 26-24 со што направија голем исчекор кон пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.
 
Сара Митова со осум голови беше најефикасна во редовите на црвено-црните, за кои  Симона Стојановска постигна пет, а Маја Трпковска и Наташа Нолевска по четири голови. 
 
На избраничките на Симе Симовски сега им преостанува само да го потврдат пласманот во четвртфиналето бидејќи и реванш натпреварот ќе го играат пред домашната публика СЦ „Јане Сандански’’ веќе утре од 15.