Животната драма на Лепа Брена: Пијам лекови секој ден, стравувам за животот
Пејачката Лепа Брена со години се бори со тромбоза, опасна болест на крвните садови.
Иако води сметка за своето здравје и и кондицијата и редовно оди на здравствени прегледи, тромбоза сепак добила два пати.
-Правев анализи и ги испратив во Америка. Паралелно со анализата дојдовме до идентични заклучоци и во Белград и во Мајами, а тие велат дека тромбозата сум ја добила од стражен напор. Сакав да го издржам истиот напор и со 45 како и кога имав 25 години. После тие проблеми одлучив сепак да работам помалку, вели Брена.
-Пијам лекови за разредување на крвта. Секој ден без исклучок. Некој пие за срце, а јас да не ми се згрутчува крвта зошто тоа може да биде кобно, открива пејачката.
Меѓутоа, таа на животот не гледа песимистички и вели дека психијатар не и е потребен.
-Нашиот народ од просторот на поранешна Југославија преживеа тешки голгои. Меѓутоа на сите кои носат емотивен товар и болка на душата ги советувам да одат на психијатар и дека од тоа не треба да се срамат зошто тоа е исто како одење кај стоматолог, гинеколог... рече Брена.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток