Животна драма на легендарната Тајчи: Маж ми умира, ве молам помогнете ни!
Сопругот на Татјана Камерон Тајчи, боледува од рак на белите дробови, кој се проширил и низ другите делови на телото. Фамилијата објави емотивна порака на „GoFindM“, каде се собираат донации.
-Имам рак на белите дробови, рак од кој заболуваат непушачите. Бев шокиран дека постои такво нешто. Јас сум во стадиум 4, тоа значи дека ракот се проширил и низ другите делови од телото, вели сопругот на пејачката.
Тој не сака да оди на хемотерапија бидејќи докторите му прогнозирале само уште една година живот.
-Ми кажаа дека ни требаат пари со кои ќе ги платиме трошоците за 3 месеци лекување. Јас имам и животоно осигурување. Но, проблем ќе биде кога ќе станам товар во последните месеци од својот живот- вели сопругот на Тајчи.
Тој потенцираше дека не моли само за донации, туку и луѓето да се помолат за него, да му пренесат позитивна енергија.
Ако ни помогнете, ќе ви бидеме благодарни. Ќе продолжам да работам, но ми треба ваша поддршка, ангажирајте ме за настапи и концерти, е дел о пораката на познатата пејачка.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица