„Живот под закуп“ најдобра на „Албански театар во Македонија“
Со прогласување на најдобрите претстави, синоќа во Центарот за култура во Дебар заврши 15. јубилеен фестивал „Албански тетар во Македонија“.
Стручното жири за најдобра ја прогласи драмата „Живот под закуп“ на аворот Рефет Абази, во режија на Екрем Сопи, во изведба на Националниот театар од косовскот град Гњилане.
Наградите за најдобар актер и актерка ги добија Енвер Петровци и Мајлинда Косумовиќ, Петровци за улогата во драмата „Жежок стол“ што ја режираше Сокол Плаколи, а ја изведе Националниот театар од Приштина, додека Косумовиќ, од истиот театар, настапи во претствата „Маж меѓу две жени“ во режија на Илиријан Химај.
Наградата за режија ја доби Ќазмедин Нуредини за „Балитурк“ во изведба на Националниот тетар од Приштина.
На последната фестивалска вечер дебарската публика имаше можност да ја проследи претстватата „Еден маж за мене“ во режија на Доналд Шеху и Дајана Ненај, која беше вон конкуренција.
Ново на Сител
-
Сведоштво од преживеана 20-годишна девојка од дискотеката во Кочани
-
13 пациенти се транспортирани во соседните држави на лекување
-
Во штипската Клиничка болница сместени вкупно 31 пациент
-
Пораки за сочувство од државниот врв
-
Сочувство и понуда за помош за несреќата во Кочани од страна на НАТО
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи