Пораки за сочувство од државниот врв
Тежок и многу тажен за Македонија. Загубата бна толку млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Премиерот Христијан Мицкоски со сочувство по повод трагедијата во Кочани.
„Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови. Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија“, напиша премиерот.
Повика на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност во овие тешки моменти за државата. Ова е црн ден за Македонија, напиша и лидерот на опозицијата Венко Филипче повикувајќи на солидарност и поддршка.
„Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас. Ги повикувам сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација.
Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме“, напиша лидерот на СДСМ.
Сочувство и молитви за почитантите стигна и од македонсјката правослвна цркв аи нејзниот поглавар.
-Во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог. Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила. На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление, напиша Претседател на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија С Т Е Ф А Н.
Пораки за сочувство стигаат и од министри, пратеници, политички партии. Поради трагдеијата во Кочани се откажаа сите спортски натпреаври, како и концерти, претстави, културни настани.