Жителите на штипското село Долани добија асфалтирани улици

Во штипското село Долани денеска на празникот Илинден беа пуштени во употреба новите асфалтирани улици, за што Општина Штип инвестираше над 10 милиона денари.
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој присуствуваше на пуштањето на новоасфалтираните улици истакна дека во прва фаза е асфалтиран пристапот до селото и главната улица која води до манастирот „Свети Илија“ за што се инвестирани околу 8 милиони денари. Во втора фаза асфалтирани се уште четири помали улици за што се издвоени околу два милиона денари.
- Со ова, општина Штип ја заврши целата инфраструктура во село Долани и овозможи услови за живот на жителите. Секако, не запираме тука, следи асфалт за уште неколку села, а претходно со асфалт се поврзаа Врсаково и Трогерци и Врсаково и Судиќ. Наша цел е до крајот на мандатот, да ги асфалтираме пристапите до сите штипски села, рече Захариев.
Општина Штип со поддршка на Бирото за регионален развој ја уреди селската чешма и направи мини-плоштад во селото Долани, а дел од средствата за асфалтирање на улиците се обезбедени и со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
