Жителите на Гома се враќаат во домовите по ерупцијата на вулканот Њирагонго
Жителите на градот Гома во Демократска Република Конго денеска почнаа да се враќаат во своите домови по синоќешната ерупцијата на вулканот Њирагонго, а лавата стигна до градот.
Вулканот Нирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои два милиона жители.
По ерупцијата жителите на Гома го напуштија градот и побегнаа во Руанда. Руандските власти ги олеснија граничните ограничувања и им овозможија на граѓаните влез во земјата.
Поголемиот дел од лавата помина низ националниот парк, во кој има најразновидните растителни видови и заштитени планински горили.
Вулканот Њирагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска