Loading Video...
Свет
21. јуни 2025 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Деветти ден од почеток на војната меѓу Израел и Иран.. Двете држави и денеска разменија нови напади во кои има и жртви.. Израелското министерство за надворешни работи објави дека во нападите е ликвидиран командат на иранската револуционерна гарда.. Првиот човек на иранското МНР пак предупреди дека додека трае бомбардирањето на неговата земја, нема да преговараат за својата нуклеарна програма. Предупредува дека вклучувањето на САД во војната, може да биде многу опасно.

Турскиот претседател пак изјави дека Израел го саботира секој обид за нулеарни преговори меѓу САД и Иран.. Смета дека премиерот Нетанјаху е најголема пречка за мирот на Блискиот исток.

Од почеток на војната, во Иран се регистрирани над 600 жртви, повеќе од 2 илајди се повредени..

Нови напади меѓу Русија и Украина, двете држави тврдат дека погодиле клучни воени цели.. Руското министерство за одбрана соопшти дека во последната недела презеле контрола врз шест населени места, а нивните ракети погодиле воени фабрики и радари на противвоздушната одбрана на Украина.

Украинскито генералштаб од друга страна соопшти дека во изминатите 24 часа се водел над 170 борби на линијата на фронтот.. гаѓале руски командни пунктови и позиции наракети и артилерија.. 

Денеска пак двете страни повторно размениле заробеници.. 

Голем пожар што избувна рано утрово на подрачјето помеѓу Писак и Марушиќ во Хрватска, сè уште е надвор од контрола. Хрватските медиуми јавуваат дека пожарот се разгорува и покрај напорите на противпожарните екипи.

Запалени се и неколку куќи, но засега нема повредени или загинати лица, потврдија од хрватските власти.

Во гаснењето се вклучени сите доброволни и јавни противпожарни единици од Сплитско-далматинската жупанија. Поради заканата, евакуирани се дел од мештаните и туристите од населеното место Мимице.

Во гасењето на пожарот се вклучени и два канадери, но заради силниот ветер биле повлечени.. Според тамошнмите власти, ситуацијата е сериозна и повикуваат на внимателност..