Македонија
18. јуни 2020 - 13:01

Жител на Порој одгледувал марихуана во саксија

Полицајци вчера извршиле претрес кај 26-годишник во тетовски Порој и нашле стебла марихуана засадени во саксија, како и остатоци од кокаин. Претресот бил извршел по судска наредба.

-Од 16 часот и 20 минути до 17 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот на 26-годишниот Е.А. во тетовски Порој. Е.А., кој не присуствувал на претресот, денеска повикан е во СВР Тетово и се расчистува и документира случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.

Најдените количини марихуана и остатоци од кокаин се фотодокументирани и подигнати за вештачење.