-->
-->
Жител на Бузалково тешко повреден во сообраќајка кај Росоман
-->
Четириесет и едногодишниот С.И., жител на велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила кај Росоман, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско - Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со француски регистарски таблички управуван од А.Б.(25) и патнички автомобил марка „фолксваген голф”, со велешки регистарски броеви управуван од жителот на Бузалково. Тешко повредениот бил пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница - Кавадарци, појасни Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица за општа надлежност Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови