Жичницата на Водно ќе работи за празникот Голема Богородица
Жичницата на Водно на иницијатива на граѓани на 28 месецов (вторник) кога е неработен ден поради верскиот празник „Голема Богородица“ ќе работи со вообичаено работно време иако е последен вторник во месецот кога се врши редовен сервис на објектот. Редовниот сервис ќе се изврши на 29 август (среда) и тогаш Жичницата нема да работи.
- ЈСП Скопје одлучи позитивно да одговори на барањето на поголем број граѓани кои деновиве иницираа жичницата на посочениот ден да работи имајќи во предвид дека е неработен ден (верски празник) за поголем број граѓани и извесно е дека дел од нив планираат очекуваното сончево време да го минат на падините на Водно, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.
Автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе возат по неделен возен ред, а превозот за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на тие линии за сите категории патници.л
Ново на Сител
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Снаа со нож ја избодела свекрвата - Убиство во Србија
-
Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
-
Норвешка забранува влез во државата за руски туристи
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство
-
23-годишен битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, го снимал и пренесувал на Youtube
-
Ахмети ќе се обрати од Мала Речица
-
Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци