Џет-Сет
10. March 2016 - 12:08

Жестока расправија меѓу Северина и Игор: Тоа што и го направи премногу ја налути и е подготвена да го остави ако ...

Северина и Игор Којиќ во брак се веќе пет месеци, но изгледа се појавија првите проблеми во рајот.
 
Познато е дека Северина има бројни настапи секојдневно и дека финансиски е независна, а исто така е познато дека Игор веќе долго време е без работа.
 
Проблемите се појавиле кога Северина со кредитната картичка(која ја користи Игор) сакала да и купи подарок на своја пријателка, но на нејзино изненадување на картичката немала доволно пари.
 
Кога излегле од продавницата, наводно Северина збеснала и почнала да му вика на Игор. Извор близок до парот за српски „Ало“ изјави лдека Северина вербално го нападнала Игор затоа што сакал да и се меша во кариерата.
Му викала дека нема потреба да се меша во нејзиниот менаџерски тим, за да го заземе местото на нејзиниот менаџер и пријател Томислав Петровиќ. Му порачала дека премногу се занел во својата намера, и дека таа нема да му го дозволи тоа.
 
Игор е фудбалерски менаџер, но веќе долго време ништо не работи па занимација нашол во кариерата на Северина, незнаејќи дека тоа се две различни работи.