Жерновски им платил 73.000 евра на Унковски и Поповски
4,5 милиони денари им платиле граѓаните на општина центар на режисерите Слободан Унковски и Александар Поповски, објави Курир. Фирмата за театарски дејности Театар на навигаторот Цветко чии сопственици се режисерите кои важат за блиски до СДСМ инкасирала 73 000 евра од општината со која раководи Жерновски за проект од областа на сценската уметност, кој како што пишува Курир нема да реши ниту еден проблем на граѓаните на Центар.
Порталот пишува дека екс министерот за култура на СДСМ и неговиот колега Поповски предничат со својот жолчен и на моменти агресивен настап кога станува збор за критикување на актуелната власт за што како што пишува Курир добиваат огромна финансиска надокнада.
Скандалозно е што општина Центар постојано се жали дека има недостаток на средства, а од друга страна, редовно ги финансира критичарите на власта за проекти од кои граѓаните не гледаат никаква корист.
Од Жерновски се уште нема одговор по кој критериум се доделени парите на режисерите блиски до СДСМ и дали станува збор за разработена мрежа преку која СДСМ ги финансира своите партиски кадри додека граѓаните се мачат со нерешени инфрастрктурни проблеми.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
