Loading Video...
Кошарка
10. September 2020 - 18:59

Женскиот кошаркарски шампионат во две групи

Полека течат подготовките за старт на сезоната на екипните спортови во сала. Денеска во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија е закажан почеток на сезоната на 10-ти октомври.  

                Ваква одлука донесе на денешниот состанок Здружението на првата женска лига. На средбата беше договорен и бројот на учесници во лигата но и системот за натпреварување за следната сезона 2020/2021 кој ќе биде доставен до Управниот одбор на федерацијата.

            Оваа сезона бројот на екипи учесници во женската лига е зголемен на 14 па затоа првенството ќе се игра во две групи- Исток и Запад според регионалната припадност.

Во групата Исток ќе се натпреваруваат екипите на: Патриот од Делчево, Куманово, Крива Паланка, МЗТ Скопје Аеродром, Вардар Скопје, Пробаскет од Кавадарци и Баскет КАМ од Македонска Каменица.

Во групата Запад се екипите на: Пантери од Скопје, Шкупи, Бадел 1862, Работнички, Гостивар, Струга 2009 и Трокал од Кавадарци.

            Првенството ќе започне на 10-ти октомври а предложен е и комплетен календар.