Македонија
15. February 2019 - 18:02

Жената од Дубаи која беше одбиена за азил ја напушти Македонија

Хинд Аболооки од Дубаи која бараше азил во Македонија, и беше одбиена вчера ја напушти нашата земја, пренесе Либертас.

Нејзината приказна дека ги оставила своите 4 деца, бегајќи од сопругот и татко и кои и се заканувале дека ќе ја убијат бидејќи побарала развод од сопругот, ја објавија повеќе светски медиуми.

Управниот и Вишиот суд одлучија да се одбие барањето.