Македонија
1. May 2019 - 11:37

Жена прегазена во Струга

Вчера во 21:30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од улицата „Владо Малески“ со улицата „Ѓуро Салај“ патничко моторно возило „Пасат“ со струшки регистерски таблици управувано од Џ.Ф.(45) од село Мислодежда удрило во пешак В.Ж.(69) од Струга..

Во незгодата В.Ж. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.