Жељко останал без пола пенис: Лекарите му отстраниле 7 см. без никој да го предупреди
Откако забележал болни грутки на половиот орган, на Жељко Носиќ, 57-годишен уметник од Загреб, пред две години востановена му е Пејрониева болест. По неуспешни третмани со инекции, во септември 2015 бил подложен на операција.
Меѓутоа тогаш му се случило она што е кошмар најверојатно на секој маж: операцијата требало да му помогне, меѓутоа тој завршил без пола пенис. Жељко одлучил својот случај да го раскаже за Проверено.
- Пејрониевата болест е многу добро позната, но за нејзе како и за здравјето на мажите воопшто, ретко се зборува. Кога докторот му соопштил дека болните грутки ќе мора да се отстранат хируршки, не го предупредил на импликациите кои ќе ги има. Во тој случај на операција не би се согласил - вели Жељко.
Откако раните од операцијата заздравеле и за прв пат се погледнал, останал во шок - неговиот пенис бил помал за 6-7 сантиметри.
Одговори на прашањата каде настанал проблемот и зошто никој не го предупредил на последиците од операцијата, од лекарите не добил. Барал објаснување и од Хрватската лекарска комара од каде му е кажано дека се се одвивало според правилата.
Жељко сепак, и понатаму е уверен дека операцијата не била извршена правилно, и тоа планира да го докаже на суд.
Погледнете го прилогот ОВДЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален