Жељко Јоксимовиќ шокиран: Со кое право не забранија во Македонија?
Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) на барање на организацијата на музички автори на Србија СОКОЈ, забрани јавно прикажување на музиката од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територијата на Македонија.ж
По тој повод се огласи поп пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој е шокиран од оваа одлука.
-Не знам со кое право СОКОЈ забранува емитување на српски автори на подрачјето на Македонија, а при тоа нас да не не извести, напиша Јоксимовиќ.
Конкретно мене како автор ми штети забраната за емитување професионално, но и емотивно. Да му се ускрати некому музика без согласност на авторот е исклучително рестриктивно. Постојата и други начини за заштита на авторските дела, освен забрана за емитување. На крајот сметат дека авторите се ускратени од информацијата за оваа одлука, која би рекол, е брзоплета, рече Јоксимовиќ.
По овој повод се огласија и други пејачи од српската естрада. Ана Бекута истакна дека се работи за неразумна политика и дека таа од Македонија никогаш не добила ниту денар, иако ја сними песната „Стариот џумбушлија“ на македонски јазик.
Претходно на овие вести реагираше и Саша Ковачевиќ, истакнувајќи дека се надева ќе се пронајде некое компромисно решение за оваа ситуација.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице