Желба на мајката на Јелена: Живеам за денот кога ќе го пронајдат убиецот на моето чедо
Мајката на Јелена Марјановиќ, пејачката која пред 8 дена е брутално убиена најверојатно со тап предмет, Зорица и натаму не може да се помири од шокот и единствено што ја интересира е да се најде убиецот на нејзиното дете.
-Немам сили повеќе да зборувам. Само сакам да дознам кој ја уби мојата Јеца. Се надевам дека тој ден наскоро ќе дојде - беше единственото што Зорица можеше да го изусти.
Јелена во саботата на 2 април околу 16 часот изчезна на насипот во Борча каде трчала. Полицијата и пријателите почнале веднаш да ја бараат, а нејзиното исчезнување е пријавено тој ден околу 20 часот. Пронајдена е утредента, со смачкана глава, а последните телефонски разговори и биле со својата мајка.
-Се слушнавме околу 15.30 часот кога беше на половина од патеката. Ми рече дека ќе истрча уште еден круг, па ќе отиде кај своите да им даде да јадат, а потоа ќе дојде кај мене, раскажува Зорица и додава:
Во деновите пред исчезнувањето се однесуваше нормално, не се жалеше дека некој и се заканувал ниту дека има љубоморни фанови. Нејзиниот маж зоран постојано беше со неа и многу беа врзани. Не се сомневам во никој зошто немаше непријатели, но некој сред бел ден да ја грабне онака и да ја убие... мајката Зорица немаше сила да ја заврши реченицата.
Обдукцијата покажа дека Јелена не е силувана, имала одбрамбени повреди по рацете, но и по телото од ударите кои и ги задал напаѓачот. Од првите удари се онесвестила, потоа убиецот ја одвлечкал до каналот и ја фрлил.
Како што поминуваат деновите, Зоран се пресетува на нови детали врзани за кобниот ден.
-Секоја недела Јелена, Јана и јас одевме на насипот. Додека таа трчаше, јас со ќерката си игравме на полјаната. По час, два ќе излезевме на патеката да ја пресретнеме Јелена. Обично се наоѓавме на половина пат од рампата. Меѓутоа на тоа место мојата Јеца не дојде. Тргнавме понатаму во очекување да ја најдам. Ја повикав два - три пати на мобилен, ама не се јавуваше. Тоа не личеше на неа. Тргнав панично да ја барам - вели Зоран кој во полиција кажа дека не го пријавил случајот веднаш зошто очекувал некој да се јави и да бара откуп.
Ново на Сител
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави