Македонија
10. May 2016 - 14:12

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Вкупното производство на шумски производи во  државните шуми во првото тримесечје од 2016 година, во однос на првото тримесечје од 2015 година, е зголемено за 159,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски производи, додека намалување на шумското производство е забележано кај просторното дрво и огревното дрво од иглолисни видови.