-->
-->
Зголемен транспортот на стока со камиони во четвртиот квартал лани
-->

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2025 година е зголемено за 66.7 проценти во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 925.000, во градско-приградскиот 9.130.000, во железничкиот 34.000, а во воздухопловниот превоз 889.153.
Според податоците на ДЗС, во четвртото тримесечје од 2025 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 66.7 проценти, во железничкиот е намалено за 13.4 проценти, а во воздухопловниот е зголемено за 23.7 проценти.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
