Зголемен прометот во индустријата
Прометот на индустријата во февруари годинава е зголемен за 9,7 отсто во споредба со истиот месец лани, при што прометот остварен на домашниот пазар има опаѓање од 7 отсто, а на странски пазари пораст од 13,4 отсто.
Прометот во индустријата во февруари, пак, во однос на претходниот месец е зголемен за 13,4 отсто, а во првите два месеца од годинава пораснал за 8 отсто во споредба со истиот период од лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во секторот Рударство и вадење камен во февруари годинава во споредба со истиот месец лани, бележи пораст од 15,5 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 9,5 проценти.
Според главните индустриски групи, кај Интермедијарни производи, освен енергија има пораст за 15,4 отсто, а кај Капитални производи за 12,8, додека опаѓање од 5,1 отсто има кај Трајни производи за широка потрошувачка, а од 3 отсто кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.
Ново на Сител
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор