Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата лани во ноември е зголемен за 11,9 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, во однос на октомври 2016 година пораснал за 2,8, а во првите 11 месеци од 2016 година за 10,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со ноември 2015 година прометот во индустријата остварен на домашниот пазар има пораст од 6,7 отсто, а на странските пазари пораст од 13,2 отсто.
Во секторот Рударство и вадење на камен прометот во индустријата има опаѓање од 1,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,4 проценти.
Кај индустриската група Интермедијарни производи, освен енергија пораснал за 6,6 отсто, Капитални производи за 18, Трајни производи за широка потрошувачка за 15,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,2 отсто.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија