Зголемен бројот на улици што ќе бидат асфалтирани во Штип
Општина Штип во текот на летото ќе асфалтира или санира поголем број улици во градот. Портпаролот на општината Драган Ристов соопшти дека програмата за уредување на градежно земјиште е проширена со уште неколку нови улици поради тоа што при електронската аукција се постигнуваат пониски цени од предвидените.
- Во следниот период, по завршување на 20-те улици кои се предвидени за асфалтирање, додадени се и улиците „Рибник“ кракот од физикална терапија до Градските гробишта, улицата „Борис Крајгер“ од Трговскиот центар „ Елкос“ до спортската сала „Јордан Мијалков“ и улицата „Енгелсова„. Исто така согласно програмата предвидена е и обнова на дел од улиците во Долна Железничка, пат од гробиштата до Новакова чешма, дел од „8.ми април“, „Кирчо Димитров“, „Пустец“, „Драмска“, „Зрново“ и дел од улица „Серска“, изјави Ристов.
Тој нагласи дека во тек е асфалтирањето на улиците „Тодор Коларов“ и „Широк дол“, по што градежните работи ќе продолжат на улиците „Лисец“, „11.конгрес“, „Лески“, крак од „Радански пат“ и крак од улица „Пиринска“ до спој со улица „Карл Маркс“ кај локацијата Дујле.
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот