Зголемен бројот на градинки и центри за ран детски развој
Во Македонија во септември лани се регистрирани 32.660 детски градинки и центри за ран детски развој, што претставува зголемување за 8,5 проценти во однос на 2014 година, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.
Со годишните извештаи во 2015 се опфатени 82 установи за згрижување и воспитување деца, што е за 12,3 проценти повеќе во однос на 2014. Установите обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирани групи, групи за деца со пречки во развојот, групи на деца - центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за вонинституционална форма на активност.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата