Свет
28. April 2016 - 9:00

Земјотрес со јачина од 5,6 степени во Папуа - Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Папуа-Нова Гвенеја, соопшти геофизичкиот инститит на САД, јавува ТАСС.

Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри северозападно од градот Пануа во автономниот регион Бугенвил, со длабочина од 128 километри. 

Нема информации за настрадани лица или материјална штета.