Земјотрес со јачина од 5 степени почувствуван во повеќе градови во државава
На цела територија на државава рано утрово почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со јачина од 5.0 степени по Рихтер.
Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, утрово доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред пет часот почувствувале потрес со средна јачина.
Според првичните епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана, рано утринава, година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени. Во регионте на Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала, вели Драгана Черних раководител на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3, 6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален