Македонија
18. October 2023 - 10:47

Земјотрес со јачина од 3,2 степени утрово почуствуван во Тетово и Скопје

Силен земјотрес утрово е регистриран во Македонија.

Според првичните информации, регистиран е земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер.

Епицентарот е во северо-западниот регион од Македонија, во близина на границата со Албанија и Косово.

Како што пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на околу 15 километри југоисточно од Тетово и почуствуван е во Скопје.