Еко Герила: Без Југохром, Тетово помалку загадено
Воздухот во Тетово без Југохром е помалку загаден во значителни количини, затоа барањето на менаџментот за повторно започнување на работата без да ги постави филтрите е неприфатливо и опасно, истакнаа денеска на прес-конференција од невладината организација „Еко Герила“ од Тетово.
Според нив, најновите податоци за загадувањето на воздухот од мерењата коишто се вршат постојано од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека најголема разлика е воочена во Тетово, каде што загадувањето на годишно ниво од просечната вредност 140-150 ПМ10 честичките е намалена прв пат на 97, иако Југохром не работел само четири месеци. Намалување на загаденоста е воочено и во Кичево, каде РЕК Осломеј работел само 40 дена во текот на 2016 година.
- Сакаме да испратиме порака и до Владата дека најважно е здравјето на нашите деца, на идните поколенија, здравјето на стотиците илјади жители на Тетово и околината. Бројот на малигните заболувања во Македонија во последно време достигнува огромен пораст. Ниту еден интерес не е поважен од здравјето на стотиците илјади жители кои се принудени секој ден да вдишуваат 30 тони прашина од Југохром во воздухот, истакна Аријанит Хоџа, претседател на „Еко Герила“.
Од „Еко Герила“ побараа „Југохром“ да не се отвора без целосно поставување на филтрите.
Оттаму најавуваат дека на следните прес-конференции ќе се осврнат и на активностите на локалната власт, која според нив, била неуспешна во борбата против загадувањето и заштитата на животната средина. Како главни проблеми ги посочуваат и претоварната станица на влезот во градот, непостоењето на јавен превоз во општината и затоплувањето на домовите со дрва.
Ново на Сител
-
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка