Земјоделците од Кумановско да аплицираат за субвенции за нови лозови и овошни насади и за педигриран добиток
Подрачната единица на Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството Куманово ги информира земјоделците од регионот дека тече повикот за прибирање барања за користење средства за поврат на инвестиција за нови лозови и овошни насади и за набавен педигриран добиток од први октомври до 31 декември.
- Рокот ќе трае до 31 јуни годинава и ги повикуваме овие земјоделци кои инвестирале да аплицираат за поврат на средствата, изјави в.д. раководителот на подрачната единица Џабир Рамадани.
Сточарите треба да набават педигрирани, крави, овци, кози, свињи и можат да добијат 50 проценти поврат на средствата од инвестицијата.
- Имаме сознанија дека голем број земјоделци од Кумановско тој период подигнаа овошни насади. И како и претходните години и минатата беше тренд да се подигаат лешникови насади, истакна Рамадани.
Извесен период во Кумановско голем број земјоделци садат ореви и лешник, иако во одредени региони во овој дел од североистокот се уште се одгледува на поголеми површини кајсија, праска и слива.
Овоштарите веќе се информирале дека тече повикот и побарале помош за апликацијата од стручните лица од Подрачната единица.
Лани, само за нови овошни и лозови насади аплицирале 25 земјоделци за исплата на средства.
Според праксата од претходните години се очекува уште еден повик за инвестициите што се реализирале од јануари до април годинава.
Ново на Сител
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија
-
Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници | ВИДЕО
-
„Ниту една казна нема да биде доволно“ - Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
-
Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо
-
Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп