Земјоделци од струмичкото село Баница учествувале во тепачката со стапови во село Облешево
Полицијата ги идентификуваше учесниците во тепачката со стапови во селото Облешево, која синоќа беше објавена на социјалните мрежи. Станува збор за жители на струмичкото село Баница, кои продавале земјоделски производи.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во пишано соопштение информира дека настанот е пријавен вчера во 12:15 часот во полициската станица Кочани.
– На автобуското стојалиште во село Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица, сите од струмичкото село Баница при што биле употребени и дрвени предмети, се вели со соопштението.
За сите учесници во тепачката се изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот
-
Маск се сретна со иранскиот амбасадор во ОН за смирување на тензиите во времето на Трамп