-->
-->
Зеленски вети одговор на најновите руски напади во кој загинаа четири лица, а 16 се повредени
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе одговори на серијата нови руски напади во текот на изминатата ноќ, во кои загинаа најмалку четири, а 16лица беа повредени.
-Русија гаѓаше над 90 цели во нападите врз цивили и инфраструктура, рече Зеленски, пренесува Би-Би-Си.
„Несомнено ќе и одговориме на Русија за овој и за сите други напади. Злосторствата против човештвото не можат да останат неказнети“, рече Зеленски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека во тек се спасувачки операции во нападнатите региони, пренесоа украинските медиуми.
Зеленски изјави дека руските сили во нападите употребиле 81 дрон од типот „Шахед“, како и крстаречки, балистички и аеробалистички ракети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел