Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
Осум лица загинаа, а околу 2.750 се повредени во сомнителни координирани експлозии на рачни телекомуникациски уреди низ Либан, изјави министерот за здравство Фирас Абијад на прес-конференција во Бејрут.
Абијад рече дека меѓу загинатите има едно дете.
Од експлозиите на пејџери во бројни либански региони околу 200 луѓе се во критична состојба, рече тој.
Повеќето од жртвите се здобиле со повреди на раката, додека некои се повредени и во лицето, стомакот и очите, информира министерот.
Либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, соопшти дека меѓу повредените има и нејзини членови, вклучително и борци на силите Радван, елитна единица во рамките на групата. Извор близок до Хезболах рече дека се повредени и високи претставници на Хезболах.
Групата соопшти дека ја истражува причината за детонациите.
Групата соопшти дека ја истражува причината за детонациите.
ДПА пренесе дека циркулираат непотврдени извештаи дека Израел ги гаѓал комуникациските уреди што ги користел Хезболах и оти стои зад детонациите.
Израелската армија првично не ги коментираше настаните во Либан.
Амбасадорот на Иран во Либан, Моџтаба Амани, исто така, наводно бил повреден во експлозија на пејџер.
Детонациите се случија во јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах, како и во јужниот дел на земјата. Слични извештаи дојдоа и од соседна Сирија.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково