Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е „многу предизвикувачка“ и оти армијата мора да направи сè што може во следните месеци.
– Најважно е да извршиме притисок врз Русија користејќи ги сите расположливи средства и алатки за да ја постигнеме нашата цел за вистински и праведен мир за Украина и за целиот наш народ што е можно поскоро.
Се што може да се направи оваа есен, сè што можеме да постигнеме, мора да постигнеме. И тоа зависи од сите во украинскиот тим, посочи Зеленски.
Тој додаде и дека Украина се подготвува за престојаната високата средба во германската воена база Рамштајн, на која ќе присуствуваат претставници на 50 држави, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден.
– На средбата ќе ги добијат сите детали и аргументи од наша страна за тоа како да се обезбедат резултати во наредните месеци и на фронтот и во дипломатијата, наведе Зеленски.
По руската инвазија врз Украина во Рамштајн се одржаа повеќе средби, но досега беа на ниво на министри за одбрана. Целта на средбите е да се координира воената помош за Украина.
Зеленски постојано ги повика своите западни сојузници да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана, за да можат подобро да ги заштитат украинските градови од постојани руски напади со беспилотни летала и ракети.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено