Зеленски предупредува: Со наближување на зимата Русите се повеќе ќе ги интензивираат нападите со дронови и ракети
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека со доближувањето на зимата руските напади со беспилотни летала и ракети врз Украина ќе станат посилни, но дека Украина силно ќе одговори.
„Оваа ноќ имаше напади со околу четириесет дронови „Шахед“. Повеќе од половината од нив беа соборени… Чуварите на небото беа ефективни на територијата на десет региони – Харков, Запорожје, Херсон, Николаев, Одеса, Киев, Кировоград, Виница, Хмелницки, Лавов… Свесни сме дека, како што наближува зимата, руските терористи ќе се обидат да направат поголема штета. Ние ќе му одговориме на непријателот. Силно“, рече Зеленски на својот канал на Телеграм.
Руските војници синоќа ја нападнаа Украина со околу 40 беспилотни летала „Шахед“ и со наведуваната ракета „Х-59“, јави агенцијата Униан, додавајќи дека украинската воздушна одбрана уништила 24 беспилотни летала и ракетата.
Повеќето од беспилотните летала беа испукани врз Лавовскиот регион, вкупно 16.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза