Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ставот и целите на Киев остануваат непроменети, и покрај најавите за претстојните референдуми во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и во регионите Херсон и Запорожје.
– Позицијата на Украина не е променета поради „некоја врева“ од Русија и нашите партнери целосно нè поддржуваат во тоа“, рече Зеленски во синоќешното видео-обраќање. Тој рече дека „ставовите на Украина се јасно дефинирани и добро познати“ и тоа е она што треба да биде во фокусот. Зеленски повика и на „поголема поддршка за вооружените сили на Украина, разузнавачките служби, силите за специјални операции, Службата за безбедност на Украина, Националната гарда, полицијата, граничарите, сите оние кои постепено го враќаат територијалниот интегритет на Украина“.
Тој нагласи дека во ова наидува на разбирање не само кај сојузниците, туку и кај оние земји кои се обиделе да се држат настрана од конфликтот што се води во Украина.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
