Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина
Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје.
Во обраќањето по тој повод, потпретседателката на Здружението Тамила Велковска истакна дека денот кога руската федерација изврши инвазија на нивната земја, е најстрашниот ден во модерната историја на Украина и ден кој целосно засекогаш го променил живот на милиони луѓе.
- На 24 февруари се навршуваат 3 години од – Три години од тоа страшно утро кога се разбудивме од зборот „војна!“. Сите овие три години на секој од нас го боли секој проектил, секоја бомба или граната испукана врз нашата земја, сите овие три години ги оплакувавме загинатите цивили, како и нашите херојски бранители, сите овие три години нè боли секој изгубен сон, секој кој е принуден да го напушти својот дом по желба да се спаси себеси и своите деца од страшниот и безмилосниот руски монструм. Во текот на овие три години, илјадници и илјадници наши домови беа разурнати, илјадници животи беа изгубени, а судбините на милиони Украинци беа уништени. Ниту еден збор не може да го пренесе она што Украинците го чувствуваат денес: сета болка, гнев, понекогаш очај но и надеж, благодарност до нашите бранители и омраза кон проклетиот непријател, рече Велковска.
Таа потсети дека милиони Украинци се принудени да талкаат низ светот во потрага по заштита, и при тоа ја повтори благодарноста до Македонија која им даде засолниште на Украинците, пружи можности за живеење и работа овде, како и за сета помош во политичка и воена сфера!
- Македонија уште еднаш потврди дека е мала земја со големо срце, рече Велковска и порача дека во пресрет на тригодишнината од почетокот на руска инвазија врз Украина, не губат надеж за најдоброто за нивната земја и оти никој нема да ги натера да се предадат.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието