Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
Приведен е поранешниот директо на затворот Шутка, Филип Андов заедно со заповедникот на затворот и негов соработник Сашо Крстевски, според неофицијалните информации на Сител. Истрагата може да се прошири и за други лица вработени во затворите, кои работеле незаконски.
Според неофицијалните информаици, се сомничат за залоупотреба на службената положба, овозможување бегство и незаконско ослободување на затвореници.
Од утринава полицијата врши претреси низ Скопје.
„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Филип Андов раководеше со затворот од 2020 година, но во јули минатата година на Владина седница беше разрешен, откако Управата за извршување санкции утврди неправичности во работењето на затворот.
Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, при неговото стапување на функцијата обвини дека затворот Скопје е како хотел промаја, поради бегствата на затвореници кој според него се должеа на лошото менаџирање на затворот, при што дојде на смена на директори. На местото на Андов, беше назначен Бобан Утковски.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар