Здружението „Кочански рибар“ со концесија за рекреативен риболов на браната Градче
По двегодишно барање спортското риболовно здружение „Кочански рибар“ конечно ја доби концесијата за рекреативен риболов на браната Градче. Секој што ќе сака да врши спортски и рекреативен риболов ќе мора да се обрати до здружението.
- Во текот на следната недела ќе стартуваме со продажба на дневни и годишни карти. Информативно може секој кој што сака да си извади дозвола да дојдат во продавниците за риболовна опрема во Кочани. Во недела организираме и работна акција за чистење на сметот околу водата на крајбрежјето на браната, изјави Димитар Димитров, претседател на спортското риболовно здружение „Кочански рибар“.
Заради непостоење на концесионер браната Гратче две години беше забранета за риболов. Рибарите од Кочани членови на здружението „Кочански рибар“ бараа добивање концесија за риболов на оваа брана со цел да си имаат свое катче за риболов, а не да одат на други брани. На тој начин ќе го промовираат и местото и ќе се рекреираат рибари.
Спортското риболовно здружение „Кочански рибар“ постои три години и е едно од поголемите здруженија во Македонија, кое брои повеќе од 400 членови.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани