Завршува „Битола Шекспир фестивал“

Со претставите „Сонети“ и „Ш“ во изведба на Битолскиот театар, вечер се спушта завесата на најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“.
Според Валентин Светозарев и Благој Мицевски, првите луѓе на фестивалот во Битола, годинaшниот „Битола Шекспир фестивал“ беше во знакот на 400 години од смртта на Вилијам Шекспир и бројната публика која ги исполни салите во Битолскиот театар.
- Зад нас оставаме исклучително вреден фестивал кој донесе театарски претстави кои засекогаш ќе останат во театарската меморија. Во Битола гостуваа актери од Израел, Полска, Србија. Посебен интерес кај публиката предизвикаа заедничките претстави на Битолскиот со театрите од Русија и САД, односно музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“ во кој настапија актери од театарот „Вера Комисаржевскаја“-Санкт Петербург и претставата „Сонети на летната ноќ“, во која заедно со нашите актери настапија и актерите од театарската компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара-Калифорнија. Двете претстави ќе бидат прикажани во САД и Русија, потврди директорот на Битолскиот театар Валентин Светозарев.
На денешната прес-конференција беше посочено дека претставите „Сонети“ и „Ш“ од Вилијам Шекспир, во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски, со кои вечер завршува „Битола Шекспир фестивал“, на 31 јули ќе бидат одиграни на фестивалот „Охридско лето“.
Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под покровителство на Министерството за култура, а в година се очекува да биде домаќин и организатор на конференција на Европската асоцијација на Шекспир фестивали.
Ново на Сител
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
