Македонија
3. March 2022 - 19:51

Завршни зборови за „Јавна соба“

Сакавме да ја затвориме групата „Јавна соба“ каде се споделуваа порнографски содржини, ама не обвинија дека ние сме ја создале. 

Дарко Костовски и Михаил Паневски негираа дека ширеле детска порнографија. Кога забележале дека се споделуваат фотографии од малолетници, случајот го пријавиле во полиција и побарале да ја затвори групата.

„Се обидовме да помогнеме во целава ситуација, а ние завршивме како лица лишени од слобода“, изјави Дарко Костовски, обвинет.

Одбраната побара ослободителни пресуди бидејќи како што тврдат, не се докажало дека Дарко и Михаил ја создале групата во која членовите можеле да гледаат фотографии од малолетници. Велат, се што пишувало во обвинението е извадено од контекст.

Обвинителството предложи затворски казни. Тврди дека зад „Јавна соба“ стоеле обвинетите и не спречиле споделување на поргнографските содржини.

Скандалот со ширење порнографски материјали беше откриен пред две години, а за кратко беа обелоденети и други групи со иста цел, но се уште се истражува кој ги оформил.

Обвинетите за „Јавна соба“, пресудата ќе ја слушнат идниот петок – им се заканува затвор од најмалку осум години.