Завршна конференција на проектот за Реформи во водниот сектор на локално ниво

Со конференција на тема „Национален систем за мониторинг на изведбата и бенчмаркинг за водните услуги (Данубис-ДЦМ)“ денеска беше означен завршетокот на проектот „Реформи во системот на водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води на локално ниво“, финасиран од Европската унија.
Конференцијата за мониторирање на водните услуги, што беше организирана во соработка со АДКОМ, го стави во фокус значењето на исправните податоци во работата на претпријатијата за комунални услуги, но и за потребите на регулаторните процеси и за националниот и регионален бенчмаркинг. Во тој контекст беа презентирани порталите www.danubis-dcm.org и www.danubis.org.
Вториот дел на конференцијата беше посветен на резултатите од проектот, каде корисник беше Министерството за животна средина и просторни планирање, а опфатени беа 12 комунални претпријатија од општините: Град Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и Куманово. Проектот им помогна на јавни комунални претпријатија во реформирање на постојниот систем во однос на организациските, управувачките, финансиските и оперативните аспекти.
Една од главните задачи на проектот беше поддршката во спроведување на барањата од новиот Закон за утврдување на цените на водните услуги и подготвување на Акциски план за потребните мерки на давателите на водни услуги со што ќе се овозможи ефективно и ефикасно управување со водоснабдувањето, собирањето и пречистувањето на отпадните води.
Проектот им помогна на претпријатијата во првиот циклус од регулаторниот процес да поднесат план за прилагодување на тарифите и барање за одобрување на тарифите пред Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за изработка на тарифникот за водни услуги што од 1 јануари идната година ќе мораат да го применувааат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители.
Ново на Сител
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
