Свет
20. November 2015 - 18:00

Заврши заложничката криза во Бамако, пронајдени 18 тела

Заложничката криза во Бамако заврши и во хотелот „Радисон блу“ веќе нема заложници, соопшти министерот за базбедност на Мали, Салиф Траоре.

Западните медиуми соопштија дека за време на спасувачката акција пронајдени се 18 тела, пренесува Танјуг. 

- Осумнаесет тела се пронајдени, изјавил неименуван извор од странска безбедносна служба, додавајќи дека француските специјални сили од Буркина Фасо биле во хотелот и учествувале во операцијата заедно со припадниците на безбедносните сили на Мали. Висок претставник на Обединетите нации, пак, соопшти дека има најмалку 27 загинати.

На конференцијата за печатот Траоре истакна дека напаѓачите веќе немаат заложници во свои раце и оти безбедносните сили на Мали се во процес на трагање по нив.

Извор од војската на Мали, за француските медиуми соопштил дека двајца напаѓачи се убиени.

Групата борци кои држеа околу 170 луѓе како заложници во „Радисон Блу“ во Бaмако се дел од екстремистичката група Ансар ал Дин, јави телевизијата „Ал Џезира“.

Ново на Сител