Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа во штипската населба „Пребег“
Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска заврши со реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Вељко Влаховиќ“ во штипската населба Пребег.
Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев посочи дека реконструкцијата на застарената водоводна мрежа на оваа улица е од големо значење, бидејќи на овој дел од градот ќе се шири и новата индустриска зона, а и граѓаните од станбните згради, фирмите и угостителските објекти ќе имаат квалитетно водоснабдување.
- На оваа улица месечно имавме по три до четири дефекти, бидејќи цевките беа застарени, поставени во минатото и не беа функционални. За многу кратко време, за 12 дена успеавме да замениме 500 метри водоводна линија, во вредност од 30.000 евра. Оваа инвестиција е на ЈП „Исар“, изјави Бојаџиев.
Раководителот на работна единица Водовод и канализација во ЈП „Исар“, Бранко Горгиев појасни дека со реконструкцијата е направен и прекоп со цел новите индустрсики објекти кои се градат од десната страна на улицата полесно да бидат приклучени на водоводната мрежа.
- За следната година во населбата Пребег во програмата на ЈП „Исар“ предвидена е реконструкција на улиците „Славонска Пожега“ и „Скоевска“, најави Горгиев.
Во текот на наредните денови општина Штип ќе ја асфалтира улицата „Вељко Влаховиќ“, каде што се реконструираше водоводната мрежа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден